• Wednesday, 04 February 2026

Осумнаесет лица затруени со јаглерод моноксид во ресторан во италијанскиот град Варезе

Осумнаесет лица затруени со јаглерод моноксид во ресторан во италијанскиот град Варезе

Варезе, 3 февруари 2026 (МИА) - Осумнаесет лица, меѓу кои и едно дете, се затруени синоќа откако вечерале во ресторан во населбата Кантело во градот Варезе, во северна Италија.

По враќањето дома, сите почнале да чувствуваат главоболка и гадење, а како што било утврдено, причина за труењето било истекување на гас во ресторанот, пренесува „Милано Тудеј“.

Пожарникарите откриле присуство на јаглерод моноксид и како мерка на претпазливост, ги евакуирале и становите над ресторанот. Утврдено е дека причина за истекувањето гас е неисправен бојлер.

Пожарникари, карабинери, медицински персонал и локалната здравствена инспекција интервенирале и го санирале просторот. Никој не се здобил со сериозни повреди во инцидентот. рп/сд/

Фото: МИА архива