• Wednesday, 15 April 2026

ESPN: Ромеро, ќе го пропушти остатокот од сезоната

ESPN: Ромеро, ќе го пропушти остатокот од сезоната

Лондон, 14 април 2026 (МИА) - Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, ќе го пропушти остатокот од сезоната 2025/26 поради повреда на коленото здобиена во поразот од Сандерленд со 1:0, објави ESPN.

Првичните тестови откриле оштетување на лигаментите на коленото на 27-годишниот Аргентинец. Понатамошни прегледи ќе бидат спроведени во наредните денови за да се утврди сериозноста на повредата.

Дефанзивецот би можел да отсуствува од пет до осум недели, а Тотенхем ќе ја објави оваа информација во наредните денови.

Сепак, со оглед на тоа што Светското првенство во 2026 година е помалку од два месеци оддалечено, Ромеро најверојатно ќе има можност целосно да заздрави до почетокот на Мундијалот.

Во сезоната 2025/26, дефанзивецот постигна шест гола и имаше три асистенции во 32 натпревари. зс/

Фото: ЕПА