• Sunday, 27 October 2024

Џенифер Лоренс ги враќа шишките во мода

Џенифер Лоренс ги враќа шишките во мода

Лос Анџелес, 25 октомври 2024 (МИА) - Џенифер Лоренс деновиве е актуелна со идното проширување на семејството, но и новата фризура привлекува внимание кај обожавателите и пошироката јавност.

Имено, на премиера на еден филм во Лос Анџелес, Џенифер забележана во бела маица со црвена блуза врзана околу вратот и длабоки црни панталони... Но, се чини, нејзиниот заштитен знак повторно е фризурата со шишки.

Инаку, глумицата последен пат се одлучи за „класични шишки“ во 2014 година на - почетокот на својата актерска кариера. Со текот на годините експериментираше со различни варијации, вклучително и шишки настрана и предната коса разделена на два дела...

Глумицата со својот нов изглед - според многумина, покрај втората бременост, го освежува и својот стил.

На професионален план, Лоренс годинава нема да ја видиме во ниту еден нов филм. Според ИМДБ, најавени се пет продукции, чии датуми на прикажување сѐ уште не се познати. Меѓу нив е и психолошкиот трилер „Умри, љубов моја“ (Die, My Love) заснован на истоимениот роман на аргентинската писателка Аријана Харвиц.  си/рп/

Фото: „Х“, фотоисечок