• Wednesday, 11 March 2026

Ќе се реконструира дел од една од главните велешки улица „Алексо Демниевски Бауман"

Ќе се реконструира дел од една од главните велешки улица „Алексо Демниевски Бауман

Велес, 10 март 2026 (МИА) - Дел од фреквентната  и една од главните велешки  улици „Алексо Демниевски Бауман“, а  која води до Железничката станица и повеќе нови трговски објекти во овој дел од градот е со дотраен горен дел и оштетувања на коловозот. Од таа причина во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт обезбедени се финансиски средства за целосна реконструкција на оваа делница, информира денеска градоначалникот Марко Колев.

Тој најави деновиве да започне нејзината реконструкција, како  и  на други споредни улици во градот и населените места во Општина Велес.ад/са/

ФОТО: Општина Велес