Ќе бидат обележани 150-ина црни точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот, најави Ѓорѓиевски
- Ние имаме речиси 150 критични или т.н. црни точки, кои се веќе детектирани. Имавме состанок со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и во наредниот период ќе почнеме со еден процес, синхронизирана активност, за сите заеднички да се доведеме до состојба да работиме на отстранување на овие 150 црни точки, во кои спаѓаат и оние со непоставени знаци, светлосна сигнализација и друго. Веќе најавив дека за „Улици и патишта“ оваа година предвидуваме сериозни средства поврзани со паметен зелен бран, одговори Ѓорѓиевски.
- Post By Блаже Дарудов
- 15:10, 5 February, 2026
You need to login to view this page en