Љатифи: Изградбата на далекуводот Битола-Елбасан ќе отвори простор за подлабока интеграција во регионалниот и европскиот енергетски пазар
- Со изградбата на 400 киловолтниот далекувод Битола-Елбасан Северна Македонија и Албанија добиваат нова, силна и стратешка електроенергетска врска, која ќе ја зајакне сигурноста на снабдувањето, ќе ја зголеми стабилноста на преносниот систем и ќе отвори нов простор за подлабока интеграција во регионалниот и европскиот енергетски пазар. Тоа го истакна денеска генералниот директор на МЕПСО Бурим Љатифи на означувањето на почетокот на изградбата на 400 киловолтниот далновод од ТС „Битола 2” на граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница.
You need to login to view this page en