Јуфки со блитва и печурки
Нискокалорични и исклучително вкусни
Состојки:
- 500 грама јуфки
- 200 грама печурки
- 1 средна китка блитва
- 150 грама свежо сирење со ниска масленост (може да се користи и неутрална павлака)
- 1-2 лажички сув зачин
- малку бибер
- малку сув магдонос
- 1 чешне лук
- 3 см праз
- 2 лажици масло
Подготовка:
Блитвата исечете ја на ленти и обарете ја. Печурките исечете ги на листови. Започнете со готвење на јуфките, и истовремено со динстањето, бидејќи времето ќе биде токму она што ви одговара. Исецкајте го празот и пржете го во масло, додадете ги сецканите печурки, потоа наросете ги со сув зеленчук, покријте ги и оставете ги да крчкаат додека не испари течноста што ја испуштиле. Додадете блитва, пасиран лук и бибер и пржете уште една минута, за блитвата малку да се запржи. Исцедете ги сварените јуфки и додадете ги во тавата, а потоа пржете уште малку, за да испари остатокот од течноста што останала во јуфките. Додадете свежо сирење со ниска масленост или ако сакате додадете неутрална павлака, промешајте уште неколку пати, колку што е потребно за да се загрее сирењето и тргнете од оган. Пред сервирање, посипете со рендан пармезан, или тврдо сирење по желба и сув магдонос.
Фото: Фрипик