• Sunday, 29 September 2024

Јувентус ја обжали пресудата да му плати на Роналдо 9,8 милиони евра за доцнење на платите

Јувентус ја обжали пресудата да му плати на Роналдо 9,8 милиони евра за доцнење на платите

Торино, 28 септември 2024 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус соопшти дека ја обжалил судската пресуда за случајот со поранешниот напаѓач на тимот Кристијано Роналдо.

Во 2023 година, Португалецот го тужеше клубот од Торино поради неисплата на платите за време на пандемијата на коронавирус. Јувентус доби обврска да го обесштети  фудбалерот 9,8 милиони евра плус 9% земајќи ја предвид инфлацијата.

Во соопштението на италијанскиот клуб се вели дека на Роналдо му е исплатена целата потребна сума за сезоната 2023/24.

Португалскиот напаѓач играше за Јувентус од 2018 до 2021 година. Вкупно, одигра 134 натпревари за клубот, на кои постигна 101 гол и 22 асистенции. зс/

Фото: ЕПА