Се утврдуваат причините за несреќата на скопската обиколница во која почина едно лице
- Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршиле увид на местото на настан кој се случи на скопската обиколница и во кој починато е женско лице.
Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) - Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршиле увид на местото на настанот што се случил на скопската обиколница и во кое починато женско лице.
- Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот. Во тој момент, во ноќни услови на намалена видливост на патот, на неа налетал автомобил кој се движел по обиколницата. Возачот на автомобилот е алкотестиран веднаш по несреќата, при што не е утврдено дека управувал со возилото под дејство на алкохол, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.
Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се разговара и со очевидци на настанот, со цел да се испитаат сите околности, посочуваат од ЈОРСМ. ев/бак/
Фото: МИА Архива