Јаневски со отец Тодоров: Последните седум дена на Исус пред воскресението
- - Речиси целиот свет веќе денес завлегува во една цивилизација на неиспразнетост. Значи, цивилизација во која не се вреднуваат вистинските доблести, вредности, смисла, визија за животот итн., туку цивилизација каде што се поклонуваме на еден и единствен Бог, а тој Бог се парите. Не случајно некој си напишал на своите пари баш така, дека на тој Бог му се поклонува. Значи, тоа е таа сензација. Луѓето сакаат сензација. Дали тоа ќе биде религиозна сензација, дали ќе биде технолошка сензација, дали ќе биде еротска сензација, дали ќе биде политичка сензација. Ние тоа го гледаме во секојдневието. Луѓето се хранат со таа потреба за сензација, со жолт печат, со нездрава храна во буквална смисла на зборот и во преносна смисла на зборот. Тоа е таа цивилизација, цивилизација на испразнетост и цивилизација на површност. И таа цивилизација видливо е дека човештвото го води во една морална катастрофа. Дури и некои нешта, кои немаат ни врска со морал и доблест, се ставаат на пиедестал како морал и доблест. Страшно. Страшно е тоа, потенцира презвитер Тодоров.
- Post By Дарко Јаневски
- 15:29, 6 April, 2026
You need to login to view this page en