• Friday, 10 April 2026

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред

Скопје, 10 април 2026 (МИА) - Јавниот автобуски превоз во Скопје за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.

-По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите што работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација што работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот. Во петок и недела дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација - соопшти ЈСП - Скопје.

Од ЈСП-Скопје информираат дека Жичницата од петок до недела ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник, вообичаено како и секој понеделник - нема да работи.

-Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови - додадоа од ЈСП - Скопје.вј/вг/

Фото: МИА архива