• Thursday, 18 July 2024

Ѓуриќ: Србија до 2027 година ќе ги заврши сите тешки реформи за влез во ЕУ

Ѓуриќ: Србија до 2027 година ќе ги заврши сите тешки реформи за влез во ЕУ

Брисел, 17 јули 2024 (МИА) – Шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Србија до 2027 година ќе ги заврши сите тешки реформи за влез во Европска Унија, кои се однесуваат на економската, политичката и сите други сфери на животот.

Тој, по средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во Брисел, изјави дека очекува конечно по 27 години следење на тој политички пат, истиот да биде валоризиран.

- Сакаме ова да се препознае веќе оваа есен во форма на отворање нови поглавја. Ова е важно за нашето позиционирање на европскиот пат. Ова е важно за нашиот животен стандард, економијата и општеството што сакаме да го имаме, посочи Ѓуриќ. ми/

фото: МИА архива