Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед
- Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска, по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.
Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска, по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.
Со оваа хуманитарна акција, како што информира Кабинетот на Ѓорѓиевски, се испрати порака за солидарност, заедништво и меѓусебна почит, како темелни вредности во општеството. Беше нагласено значењето на хуманоста и подадената рака во време кога поддршката е најпотребна.

Беше упатена и честитка до сите верници од исламска вероисповед, со желби за здравје, мир и благосостојба, како и апел за негување на соживотот и единството во Скопје. мч/лв/
фото: Град Скопје