Штипски „Исар“ доби три половни возила
- Штипското комунално претпријатие „Исар“ доби три нови половони возила. Вишна Шорова-Ангелова секретар на Општина Штип вели дека средствата од 12 милиони денари се обезбедени од општинскиот буџет.
Штип, 30 јануари 2025 (МИА) – Штипското комунално претпријатие „Исар“ доби три нови половони возила. Вишна Шорова-Ангелова секретар на Општина Штип вели дека средствата од 12 милиони денари се обезбедени од општинскиот буџет.
-Со овие средства ЈП „Исар“ набавува половен камион за вода, односно цистерна за миење на улици, половен камион за чистење на улици и половен камион за вакум – каналџет. Со овие возила ќе се подобри работата и ефикасноста на ЈП Исар, изјави Шорова-Ангелова.
Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски изјави дека овие возила ќе ја подобрат работата, но не се доволни. Затоа во наредниот период ќе се набават и нови специјализирани возила.
-Возилата пристигнаа во стопанскиот круг на ЈП „Исар“. Истата постапка е спроведена, најтранспарентно бидејќи е предвидена во планот за јавни набавки на ЈП „Исар“ и за тоа ние имаме предвидено и финансиски средства. Само овие возила не се доволни да се модернизира или да се подобрат условите за граѓаните, па затоа веќе почнуваме постапка за набавка и за некои други специјализирани возила, конкретно возила за собирање и одлагање на комунален отпад, изјави Арсовски. вдј/са/
Фото: МИА