Шолц: Не очекувам САД драстично да ја намалат помошта за Украина
- Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не очекува пад на американската поддршка за Украина со почетокот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
![Шолц: Не очекувам САД драстично да ја намалат помошта за Украина](https://mia.mk/images/20250120215354_big_730x400_87.webp )
Берлин, 20 јануари 2025 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не очекува пад на американската поддршка за Украина со почетокот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
- Ова е поврзано и со фактот дека Трамп одлучи наскоро да постигне договор и решение за конфликтот и дека за тоа ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Целта мора да биде тоа да не се случи преку главите на Украинците и низ цела Европа. Ќе видиме како тоа ќе биде долгорочно, рече тој на форумот организиран од „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Германскиот канцелар нагласи дека тоа се должи и на фактот дека Трамп планира да постигне договор и да го реши вооружениот конфликт во Украина предизвикан од Русија, особено преку преговори со рускиот претседател Владимир Путин. јт/