• Sunday, 28 July 2024

Шефот на албанската дипломатија, Хасани кандидат за генерален секретар на ОБСЕ

Шефот на албанската дипломатија, Хасани кандидат за генерален секретар на ОБСЕ

Тирана, 26 јули 2024 (МИА) -  Албанската влада го предложила министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани за генерален секретар на ОБСЕ.

Информацијата, според албанските медиуми, ја објави „Security and Human Rights Monitor“ каде што се нагласува дека за оваа функција има уште четворица кандидати.

Покрај Хасани кандидати се Јан Браату (Норвешка) - шеф на мисијата на ОБСЕ во Србија,  Кристоф Камп (Холандија) – постојан претставник на Холандија во ОБСЕ,  Џон Мек Грегор (Канада) - шеф на Центарот на ОБСЕ во Ашхабат и Марсел Пешко (Словачка) – специјален претставник на претседавачот на ОБСЕ, координатор на проектот на ОБСЕ во Украина. вт/