• Monday, 20 April 2026

Шести редовен конгрес на партијата на Власите од Македонија

Шести редовен конгрес на партијата на Власите од Македонија

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Партијата на Власите од Македонија денеска ќе го одржи својот Шести редовен Конгрес, на кој ќе биде избрано новото раководство на партијата.

Како што информираат од партијата, одржувањето на редовниот конгрес претставува потврда за статутарното, континуирано и институционално функционирање на Партијата на Власите од Македонија, во согласност со демократските принципи.

На Конгресот се очекува учество на делегати од целата држава, кои ќе расправаат за клучни прашања поврзани со функционирањето, развојот и идното позиционирање на партијата. Покрај делегатите, најавено е присуство и на градоначалници, високи функционери и пратеници.бк/вј/

Фото: Партија на Власите на Македонија