• Thursday, 04 September 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„Чистота и Зеленило“ со нова фаза на хоризонтално обележување на улиците во Куманово

„Чистота и Зеленило“ со нова фаза на хоризонтално обележување на улиците во Куманово

Куманово, 14 август 2025 (МИА) - Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ - Куманово почна со обележување на хоризонталната сигнализација во населбите во Куманово. За хоризонтална сигнализација, претпријатието од општината добила два милиони денари, соопштија денеска од претпријатието.

-Моментално одбележуваме во населбата „Карпош“, претходно е завршено во населбата „Гоце Делчев“. Завршено е централното градско подрачје, со приоритет на улици со училишта, градинки, установи, институции, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.

Од претпријатието апелираат на разбирање и трпение кај возачите и граѓаните при реализација на програмата.

Тој е задоволен од екипите кои ја извршуваат програмата и очекува со ребаланс во ноември да бидат одвоени дополнителни средства за оваа намена.

Претпријатието има делегирани надлежности по програма на Општина Куманово. Самата хоризонтална сигнализација опфаќа бојадисување на пешачките премини, исцртување на полуиспрекинатите коловозни ленти, означување на автобуските постројки, го опфаќа и централното градско подрачје и приградските населби. ам/фф/

Фото: МИА и „Чистота и Зеленило“

You May Also Like