• Thursday, 12 March 2026

Крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров

Крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров

Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Крводарителска акцијата ќе се реализира денеска од 12 до 18 часот во Центарот за култура во Ѓорче Петров, како дел од Планот за социјална, здравствена и детска заштита на општината.

Општина Ѓорче Петров ги повикува сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат кон оваа акција и со својот придонес да помогнат во обезбедување доволни количини крв за оние на кои им е неопходна.

- Со дарување крв, граѓаните директно придонесуваат за спасување на човечки животи и покажуваат солидарност и хуманост кон заедницата, велат од општината. лв/нд/

фото: плакат