• Friday, 20 February 2026

Четворица загинати во експлозија на гас по превртување на цистерна во Чиле

Четворица загинати во експлозија на гас по превртување на цистерна во Чиле

Сантијаго, 19 февруари 2026 (МИА) – Најмалку четири лица загинаа во експлозија на гас во централно Чиле, јавија денеска локалните медиуми.

Околу 10 други лица се повредени кога камион-цистерна со течен гас се превртел и експлодирал во индустриска зона во близина на главниот град Сантијаго, пренесува радиостаницата „Cooperativa“.

Видеоснимките објавени од противпожарната служба на Сантијаго покажаа неколку автомобили на блискиот паркинг зафатени од пламен по експлозијата.

- Мојата солидарност и сочувство до семејствата и најблиските на луѓето кои за жал загинаа во оваа трагедија, и многу сила на повредените за побрзо закрепнување, напиша чилеанскиот претседател Габриел Борич на Х. јт/

Фото: ДПА