• Thursday, 18 July 2024

Челзи ќе спроведе истрага по расистичкото скандирање на Енцо Фернандез

Челзи ќе спроведе истрага по расистичкото скандирање на Енцо Фернандез

Лондон, 17 јули 2024 (МИА) - Челзи детално ќе го разгледа контроверзното видео на кое нивниот фудбалер Енцо Фернандез ја слави победата на Аргентина над Колумбија во финалето на Копа Америка, објави новинарот на „Дејли мејл“, Киеран Гил.

Во автобусот на аргентинската репрезентација, играчот од средниот ред заедно со своите сонародници пееше расистичка песна со која ги навреди француските репрезентативци.

Премиерлигашот од Лондон има намера сериозно да ја сфати оваа ситуација и да преземе соодветни мерки.

Енцо Фернандез и некои соиграчи од репрезентацијата за Французите пееја дека играат за Франција, но дека доаѓаат од Англоа.

Француските фудбалери од Челзи веќе го избришаа Енцо од своите профили на социјалните мрежи. зс/

Фото: ЕПА