Челзи ќе ги потпише Гарначо и Симонс ако успее да продади двајца напаѓачи
- Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо, може да ја продолжи кариерата во Челзи, објави „Скај Спортс“.

Лондон, 17 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо, може да ја продолжи кариерата во Челзи, објави „Скај Спортс“.
Лондонските „Сини“ се подготвени да го потпишат 21-годишниот Аргентинец, како и играчот од средниот ред на Лајпциг, Чави Симонс, ако продадат двајца напаѓачи.
Во сезоната 2024/25, Гарначо одигра 58 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 11 гола и имаше 10 асистенции. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2028 година.
Челзи денес од 15 часот го пречекува Кристал Палас во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. зс/
Фото: ЕПА