• Sunday, 27 October 2024

Хезболах ја презеде одговорноста за нападот со дрон врз базата на израелските воздухопловни сили во близина на Тел Авив

Хезболах ја презеде одговорноста за нападот со дрон врз базата на израелските воздухопловни сили во близина на Тел Авив

Бејрут, 26 октомври 2024 (МИА) - Либанското движење „Хезболах“ денеска соопшти дека извршило напад со дрон врз израелската воздушна база „Тел Ноф“ јужно од Тел Авив.

Движењето тврди дека секојдневно напаѓа воени бази во Израел, а денеска групата објави дека извршила „воздушен напад со беспилотни летала“ врз базата Тел Ноф.

Хезболах, исто така, соопшти дека ја гранатирал израелска разузнавачка база во близина на северниот израелски град Сафед. Во соопштението, исламистичкото движење соопшти дека истрелало ракети врз базата Меишар, која ја опиша како „разузнавачки штаб за северниот регион“.

Групата, исто така, соопшти дека истрелала ракети врз израелските војници во јужен Либан, во близина на пограничното село Аита ал-Шааб - еден од насоките од кои израелската армија се обидува да продолжи со своите копнени упади во соседната земја. рп/

Фото: МИА архива