• Monday, 26 August 2024

Хезболах тврди дека нападнал израелска разузнавачка база во близина на Тел Авив, ИДФ демантира

Хезболах тврди дека нападнал израелска разузнавачка база во близина на Тел Авив, ИДФ  демантира

Бејрут, 25 август 2024 (МИА) - Шефот на Хезболах, Хасан Насрала изјави дека денеска бил извршен напад во Израел врз воена разузнавачка база во близина на Тел Авив на околу 100 километри од границата меѓу Израел и Либан. Нападот бил извршен со ракети и дронови.

„Главната цел на операцијата“ во Израел беше „базата Глилот - главната израелска воена разузнавачка база“, рече Насрала во телевизиски говор.
Израелската армија соопшти дека Хезболах не успеал да нападне воена разузнавачка база во близина на Тел Авив, за која лидерот на либанската вооружена група рече дека била цел на напад со ракети и беспилотни летала.

„Можам да потврдам дека немаше никакви удари врз базата Глилот“, изјави портпаролот на израелската војска. зш/