• Friday, 08 November 2024

Хасани: Посветени за еден посилен и постабилен регион

Хасани: Посветени за еден посилен и постабилен регион

 
Тирана, 1 октомври 2024 (МИА) - Албанскиот министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, учествуваше на самитот на Берлинскиот процес, иницијатива која одбележува 10 години од своето постоење.
Хасани, на социјалните мрежи сподели моменти од учеството на самитот, оценувајќи дека Берлинскиот процес е „главен двигател на регионалната соработка, економскиот раст и интеграцијата во Европската унија за Западен Балкан“.

-Албанија останува посветена на унапредување на договорите за мобилност и зајакнување на посилен и постабилен регион. Овој момент треба да се искористи за приближување на Западен Балкан до ЕУ, наведува албанскиот прв дипломат.
Берлинскиот процес е иницијатива од 2014 година за поддршка на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора. Северна Македонија и Србија.

Четирите цели на Берлинскиот процес, декларирани од самиот почеток, остануваат непроменети: решавање на внатрешни, отворени билатерални проблеми меѓу земјите на Западен Балкан, помирување меѓу општествата во регионот, подобрување на регионалната економска соработка и, конечно, создавање на основа за одржлив раст на регионот. вт
 Фото: ФБ Хасани