• Thursday, 03 October 2024

Францускиот амбасадор Ле Риголер во посета на Општина Битола

Францускиот амбасадор Ле Риголер во посета на Општина Битола

Битола, 2 октомври 2024 (МИА) - Амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, заедно со првиот секретар во амбасадата Даниел Меркез,  остварија прва официјална посета на Општина Битола.

Од Општина Битола информираат дека на средба со градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски, гостите беа информирани за досегашната соработка на општината со францускиот конзулат во Битола и амбасадата на Франција и бројните заеднички реализирани проекти, а посебен акцент беше ставен на идните можности за зајакнување и продлабочување на соработката, на интересот за изучување на францускиот јазик во битолските училишта и други важни теми од економски и културен аспект.

Градоначалникот Коњановски и амбасадорот Ле Риголер по средбата во неговиот кабинет, ја посетија Гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде имаа средба со раководството на училиштето, дел од професорите и со учениците кои изучуваат француски јазик. мт/дма/

Фото: Општина Битола