• Thursday, 17 October 2024

Словачкиот премиер Фицо рече дека гледа голема веројатност војната во Украина наскоро да заврши

Словачкиот премиер Фицо рече дека гледа голема веројатност војната во Украина наскоро да заврши

Братислава, 16 октомври 2024 (МИА) - Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека гледа голема веројатност војната во Украина наскоро да заврши, јавија светските агенции, повикувајќи се на словачките медиуми.

Ова Фицо го изјави пред заминувањето на самитот на Европската унија, каде претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе го претстави својот „План за победа“ во војната против Русија.

„На среден рок, веројатноста војната во Украина да заврши е голема. Утре очекувам некакво навестување, бидејќи одеднаш се појави темата за поканата на Украина за НАТО“, изјави словачкиот премиер пред парламентарната комисија во Братислава. рп/

Фото: МИА архива