• Monday, 08 December 2025

Фицо: Разговорите за територијални промени се неизбежни за напредок во завршувањето на војната во Украина

Фицо: Разговорите за територијални промени се неизбежни за напредок во завршувањето на војната во Украина

Братислава, 19 август 2025 (МИА) - Западните земји мора да прифатат дека Украина не може да се приклучи на НАТО и дека дискусиите за промена на нејзината територија ќе бидат неопходни за да се постигне напредок за завршување на војната, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Првиот основен предуслов за завршување на конфликтот е да се разбере дека Украина не може да стане членка на НАТО“, рече Фицо по состанокот на лидерите на ЕУ.

„Подеднакво важно е и фактичкото разбирање дека без дискусија за територијални промени во Украина не можеме да продолжиме напред“, додаде словачкиот премиер. зш/