• Wednesday, 15 April 2026

Ромуалд Вадагни убедлив победник на претседателските избори во Бенин

Ромуалд Вадагни убедлив победник на претседателските избори во Бенин

Котону, 14 април 2026 (МИА) – Кандидатот на владејачката партија и министер за финансии на Бенин, Ромуалд Вадагни, убедливо победи на претседателските избори одржани во неделата, покажуваат првичните резултати објавени од Централната изборна комисија.

Од 90 отсто од обработените гласачки ливчиња Вадагни ја добил поддршката на околу 94 отсто од гласачите, соопшти претседателот на Централна изборна комисија на Бенин, Сака Лафија.

Излезноста на изборите изнесувала 58,78 проценти.

Вадагни функцијата ќе ја преземе од Патрис Талон, кој согласно уставните одредби се повлекува по два претседателски мандата. Талон ја поддржа кандидатурата на Вадагни за претседателската функција.

На изборите Вадагни имаше само еден противкандидат – умерениот опозициски кандидат Пол Хункпи, кој освои 5,95 отсто од гласовите и уште синоќа го призна поразот. аб/јт

фото/МИА архива