• Sunday, 26 January 2025

Финансиската полиција влезе во прилепската болница

Финансиската полиција влезе во прилепската болница

Прилеп, 24 јануари 2025 (МИА) - Инспектори на Финансиската полиција вршат контрола на финансиското работење во прилепската болница за последните неколку години.

Според Кире Јоноски, директор на Болницата, контролата почнала вчера.

-Финансиската полиција го испитува работењето на Болницата во последните години. За одредени финансиски нелогичности како ново раководство укажавме. Контролата започна вчера, потврди за МИА Јоноски.

Финансиската полиција врши проверка и ова е во предистрага. ем/дма/

Фото:  МИА