Уште еден починат од западнонилска треска на Инфективната клиника, хоспитализирани 20 пациенти, од кои пет со потешка клиничка слика
- Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска, од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, а два се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив лекувањето се одвива според сите протоколи на Клиниката, изјави денеска директорот на Клиниката, Фадил Цана.
You need to login to view this page en