Учениците од осмо и од деветто одделение ќе може да учат за истражувачкото новинарство во рамките на предметот Граѓанско општество
- Учениците од осмо и од деветто одделение во основните училишта ќе имаат можност како незадолжителна активност да изберат да изучуваат истражувачко новинарство по предметот Граѓанско општество. На почетокот оваа активност ќе биде спроведувана како пилот-проект за што денеска во Собранието беше промовиран курикулум за истражувачко новинарство. Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека Бирото за развој на образованието веќе го одобрило курикулумот, кој, како што рече, е еден вид практична школа за демократијата, а учениците ќе може да обработуваат теми од заедницата, ќе поставуваат прашања и ќе бараат одговори, ќе работат во тимови и ќе создаваат новинарски текстови.
You need to login to view this page en