• Saturday, 28 February 2026

Утрово најстудено во Берово - 6, максималната дневна температура до 16 степени

Утрово најстудено во Берово - 6, максималната дневна температура до 16 степени

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Најниска температура утрово е измерена во Берово - 6 степени, во Крива Паланка - 4, во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Демир Капија, Mаврови Анови, Попова Шапка -3, во Тетово, Куманово, Велес, Штип -2, во -1 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Струмица, Kрушево, 0 во Виница и 3 степени во Гевгелија. 

Најмногу снег има на Попова Шапка 86 сантиметри. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени. ев/

ФОТО: Архива