Утрово најниска температура измерена во Берово, а највисока во Гевгелија
- Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро и многу студено време. Дуваше слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Најниска температура од -10 степени Целзиусови е измерена во Берово, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерен 1 степен Целзиусов.
Скопје, 24 ноември 2024 (МИА) - Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро и многу студено време. Дуваше слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Најниска температура од -10 степени Целзиусови е измерена во Берово, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерен 1 степен Целзиусов.
На Попова Шапка е измерена температура од -8 степени Целзиусови, -7 во Крива Паланка, Битола и Маврови Анови, -6 во Скопје-Петровец, Крушево, Тетово, и Прилеп, -5 во Велес, Демир Капија, Охрид и Претор, -4 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Виница и Куманово, а -3 степени Целзиусови во Кавадарци.
Според извештајот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во изминатите 24 часа дожд врнело во Битола, Маврови Анови, Крушево и Тополчани, но секаде наврнатиот воден талог е понизок од еден литар на квадратен метар.
Од УХМР најавуваат дека времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 8 степени Целзиусови.вј/
Фото: МИА архива