Унион Берлин го отпушти тренерот
Берлин, 27 декември 2024 (МИА) – Данскиот 45-годишен стратег Бо Свенсон од денеска веќе не е тренер на фудбалерите на Унион Берлин, соопшти денеска официјално берлинскиот клуб кој е на 12. место во Бундеслигата.
Клупското раководство одлучи да му врачи отказ на Свенсон по серијата слаби игри.
Последната победа Унион ја забележа против Кил на гостински терен на 20 октомври, по што имаше серија лоши натпревари, која кулминираше со поразот од Вердер со 4:1 пред неколку денови.
Следниот натпревар Унион Берлин го игра против Хајденхајм, а името на новиот тренер, како што е најавено, клубот ќе го соопшти во следните неколку денови. ег
ФОТО: Фејсбук