• Monday, 28 October 2024

Украинската одбрана соборила 41 руски дрон од вкупно 80

Украинската одбрана соборила 41 руски дрон од вкупно 80

Киев, 27 октомври 2024 (МИА) - Украинските вооружени сили од синоќа соборија 41 од вкупно 80 руски беспилотни летала, соопшти денеска украинската армија.

Како што е наведено, 32 беспилотни летала се изгубени, а еден одлетал во правец на Белорусија, пренесе Укринформ.

„Ноќта меѓу саботата и неделата непријателот нападна со 80 беспилотни летала од типот Шахид како и беспилотни летала од непознат тип од правец на Орел, Курск и Приморско-Ахтарск“, се вели во соопштението од Киев. рп/

Фото: МИА архива