• Wednesday, 26 June 2024

Украина очекува „категорична одлука“ од Самитот на НАТО

Украина очекува „категорична одлука“ од Самитот на НАТО

Киев, 25 јуни 2024 (МИА) – Советникот на украинскиот претседател за надворешнополитички прашања Игор Жовква изјави дека Украина очекува на претстојниот Самит на НАТО да биде донесена категорична одлука.

- Мислам дека на Самитот треба да се донесе категорична одлука, вклучително и за Украина. Бидејќи ако нема категорична одлука за Украина, Самитот би бил бескорисен, наведе Жовква, без да прецизира на што точно би се однесувала таквата одлука.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски не успеа да излобира на минатогодишниот Самит на НАТО Киев да добие покана за членство. Тој претходно изјави дека на Самитот на НАТО во Вашингтон треба да биде решено тоа прашање.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг и американските официјални претставници наведоа дека не очекуваат во Вашингтон 32-те членки да ја поканат Украина. Но, Столтенберг посочи дека се надева дека ќе и покаже на Украина дека се приближува до членството во НАТО. ми/

фото: ЕПА