• Friday, 20 February 2026

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот крак Маврово - Дебар

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот крак Маврово - Дебар

Скопје, 20 февруари 2026 (МИА) -  Од 10.20 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Забраната за сообраќај на камиони на овој патен правец беше воведена утрово во 6.50 часот поради обилни врнежи од снег.

Фото: МИА архива