Укината забраната за сообраќај на камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка
- Од 10.35 часот се укинува забраната за сообраќај на камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“.
Скопје, 20 февруари 2026 (МИА) - Од 10.35 часот се укинува забраната за сообраќај на камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“.
Забраната за сообраќај на камиони и автобуси на овој патен правец беше воведена утрово во 7.40 часот поради обилни врнежи од снег.
Фото: МИА архива