• Friday, 27 December 2024

Угостителските услуги поскапеле за шест проценти во ноември на годишно ниво

Угостителските услуги поскапеле за шест проценти во ноември на годишно ниво

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Цените на угостителските услуги во ноември во однос на октомври годинава се зголемени за 0,1 процент, а споредено со ноември лани за шест проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари – ноември годинава споредено со  на истиот период лани угостителските услуги поскапеле за 5,6 проценти, а во однос на декември минатата година за 3.3  проценти, наведува ДЗС. лв/нд/

Фото: МИА архива