Уапсен претседателот на Фудбалската федерација на Перу
- Претседателот на перуанската фудбалска Федерација (ФПФ) Агустин Лозано е приведен како дел од истрагата за корупција, изнуда и перење пари, јавија денеска локалните медиуми.
- Post By Емил Гашевски
- 21:55, 7 November, 2024
Лима, 7 ноември 2024 (МИА) – Претседателот на перуанската фудбалска Федерација (ФПФ) Агустин Лозано е приведен како дел од истрагата за корупција, изнуда и перење пари, јавија денеска локалните медиуми.
Од 2018 година, Лозано е вториот претседател на перуанската Федерација кој е уапсен, откако неговиот претходник беше под истрага за наводна вмешаност во две убиства, за кои подоцна беше ослободен.
Со лисици на рацете, Лозано беше спроведен до полициско возило пред неговата куќа во Лима, во присуство на неколку новинари. Тој вети дека ќе ги расчисти сите недоразбирања и побара од јавноста да се воздржи од осуда.
Освен него, уапсени се уште шест лица.
Обвинителот што го води случајот изјави за локалното радио дека Лозано е под истрага повеќе од една година. Иако тој не беше кривично обвинет, властите наредија негово апсење поради опасност од бегство и попречување на истрагата.
Лозано и претходно беше во судир со законот, откако во 2023 година обвинителите побараа негово апсење како дел од истрагата за финансиски измами во период кога беше градоначалник на градот Чонгојапа. ег
ФОТО: Фејсбук