• Monday, 17 March 2025

Трамп нема намера да ги ублажува царините за челик и алуминиум

Трамп нема намера да ги ублажува царините за челик и алуминиум

Вашингтон, 17 март 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „нема намера“ да ги ублажи царините од 25 отсто наметнати на американските трговски партнери за челик и алуминиум.

„Не, немам намера да го сторам тоа“, одговори Трамп синоќа на новинарско прашање дали ќе одобри ослободувања од тарифите.

Од минатата недела на сила се царини од 25 отсто за челик и алуминиум, со цел да се заштити американската челична индустрија, која се соочува со зголемена конкуренција.

Трамп планира да воведе таканаречени „реципрочни“ царини за сите трговски партнери на неговата земја почнувајќи од 2 април.

Тогаш треба да стапат на сила царините од 25 отсто за мексиканските и канадските производи, кои беа привремено суспендирани на почетокот на март.

„Втори април е ден на ослободување на нашата земја. Милијарди долари веќе дојдоа во нашата земја, а од 2 април ќе ги има уште повеќе“, рече Трамп. паг/

Фото: ЕПА