• Monday, 06 January 2025

Трамп негодува бидејќи на неговата инаугурација знамињата ќе бидат на половина копје

Трамп негодува бидејќи на неговата инаугурација знамињата ќе бидат на половина копје

Вашингтон, 4 јануари 2025 (МИА) - Новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп, се изјасни против одлуката знамето на САД да биде спуштено на половина копје за време на неговата инаугурација на 20 јануари, во чест на починатиот поранешен претседател Џими Картер.

„Демократите се радуваат што нашето славно американско знаме ќе биде на половина копје за време на мојата инаугурација“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Тој оцени дека демократите мислат дека тоа е „прекрасно“ бидејќи тие навистина не ја сакаат својата земја и мислат само на себе, објави Ју-Ес Тудеј.

Трамп рече дека ќе присуствува на државниот погреб на Картер на 9 јануари во Вашингтон.

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден нареди знамињата на САД да бидат спуштени на половина копје 30 дена по смртта на Картер на 29 декември, како што е вообичаено по смрт на американски претседател.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека Белата куќа нема намера да ја преиспита одлуката. ссм/

фото: архива