• Friday, 31 January 2025

Трамп ги обвинува вработувањата на различностите за намалување на стандардите за безбедност во воздушниот сообраќај

Трамп ги обвинува вработувањата на различностите за намалување на стандардите за безбедност во воздушниот сообраќај

Вашингтон, 30 јануари 2025 (МИА)  -   Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги обвини политиките за различности во времето на Барак Обама и Џо Бајден за лошите безбедносни стандарди по несреќата во која воен хеликоптер се судри со патнички авион над Вашингтон.

„Ја ставам безбедноста на прво место. Обама, Бајден и демократите ја ставаа политиката на прво место“, рече Трамп.
„Тие всушност излегоа со директива: „премногу бело“. А, ние сакаме луѓе кои се компетентни“.

  Трамп потврди дека нема преживеани во вчерашниот судар на патнички авион и воен хеликоптер над Вашингтон.

Претходно денеска, шефот на противпожарната служба во главниот град на САД изјави дека сите 67 лица кои се наоѓале во двете летала - 64 во авионот и тројца во хеликоптерот - се претпоставува дека се мртви.

Причината за несреќата се уште не е утврдена, но истражителите сугерираат дека трагедијата можела да се спречи. зш/