• Thursday, 26 December 2024

Тотенхем сака да ја активира опцијата за продолжување на договорот на Сон

Тотенхем сака да ја активира опцијата за продолжување на договорот на Сон

Лондон, 25 декември 2024 (МИА) - Тотенхем сака да ја активира опцијата за продолжување на договорот на една година со напаѓачот Сон Хеунг-Мин, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс.

Актуелниот договор на корејскиот фудбалер е до летото 2025 година.

Претходно се појавија информации за интерес за фудбалерот од страна на Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед.

Оваа сезона 32-годишниот Сон настапи на 20 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола и беше творец на шест асистенции. зс/

Фото: ЕПА