• Thursday, 19 February 2026

Толеранцијата, негувањето на верските вредности и зачувувањето на секуларниот карактер на државата. во фокусот на средбата Гаши - Дозлер

Толеранцијата, негувањето на верските вредности и зачувувањето на секуларниот карактер на државата. во фокусот на средбата Гаши - Дозлер

Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.

За време на средбата, како што информира собраниската прес-служба, беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.

-Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка, наведуваат од Кабинетот на Гаши.

Стана збор и за искуствата и средбите одржани за време на последната посета во Вашингтон, на февруари годинава, каде Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство. мч/са/

фото: Собрание на РСМ