Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец
- Товарно моторно возило се самозапалило денеска на патот А3 Прилеп - Градско, на превој Плетвар во непосредна близина на исклучокот за село Ореовец.

Скопје, 19 август 2025 (МИА) - Товарно моторно возило се самозапалило денеска на патот А3 Прилеп - Градско, на превој Плетвар во непосредна близина на исклучокот за село Ореовец.
Како што информира АМСМ, инфрмацијата ја потврдиле од дежурната служба на Полициската станица од општа надлежност во Прилеп. мд/вј/
Фото: МИА архива