ТВ Нова: Се преврте комбе полно со мигранти на автопатот Пирот - Ниш
- Post By Златко Шумковски
- 11:42, 26 July, 2024
![ТВ Нова: Се преврте комбе полно со мигранти на автопатот Пирот - Ниш](https://mia.mk/images/20240726114232_big_730x400_35.webp )
Белград, 26 јули 2024 (МИА) - Комбе со мигранти утрово се преврте на автопатот Пирот - Ниш кај наплатната рампа Бела Паланка, јави Новарс. Во несреќата има многу повредени бидејќи возилото било претоварено.
Итната помош од Пирот се на терен, а побарана е и помош од медицински екипи од Ниш, наведе српскиот медиум. зш/