Тајани: Се уште постои можност да се избегне војна која би го зафатила целиот Блиски Исток
- Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека се уште постои можност да се избегне војна која би го зафатила целиот Блиски Исток.
Рим, 2 октомври 2024 (МИА) - Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека се уште постои можност да се избегне војна која би го зафатила целиот Блиски Исток.
„Создавањето на либанскиот фронт и директната интервенција на Иран го зголемија ризикот од регионален конфликт од големи размери, но ескалацијата уште повеќе не турка кон тоа да работиме на мирот и дијалогот. Апелираме на одговорност на сите регионални актери, рече Тајани на состанокот на Комисијата за надворешни работи и одбрана, а пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
Италијанскиот министер, исто така, ја истакна важноста од „одржување на дијалогот со Иран“, повикувајќи ги „сите, вклучително и Израел“ да работат на деескалација и да избегнат судир што може да предизвика нови жртви, особено меѓу цивилите. рп/
Фото: МИА архива