• Friday, 31 January 2025

Таравари: Со оваа Влада ќе биде многу полесно отворањето на преговорите со ЕУ, имињата на улиците треба да се менуваат со консензус

Таравари: Со оваа Влада ќе биде многу полесно отворањето на преговорите со ЕУ, имињата на улиците треба да се менуваат со консензус

Скопје, 30 јануари 2025 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари на пратеничко прашање изјави дека промената на Уставот за одблокирање на евроинтеграциите на земјата,  било една од точките на договор со коалицискиот партнер во Владата и увери дека со оваа Влада ќе биде многу полесно отворањето на преговорите со ЕУ. 

Пратеничката Арбана Пашоли од опозициската ДУИ праша дали имаат договор со коалицискиот партнер за уставни измени за отворање на евроинтеграциите и за дефинирање на албанскиот како службен јазик, согласно предизборните ветувања на АА, и колку време им треба за тоа, бидејќи според неа надминати биле ветените рокови. Таравари, на тоа ја праша што ДУИ сториле за овие прашања досега иако, вели, бевте на власт седум мандати, од 2002 и ветувавте дека ќе почнете со преговори и ништо од тоа не се случи.

-Вистина е дека една од точките во преговорите со нашиот партнер ВМРО-ДПМНЕ беше преговорите со ЕУ. Јас сум многу среќен, бидејќи ние го даваме нашиот максимум. Се радувам дека премиерот е проевропски ориентиран, има одлични односи со ЕУ и со САД. Отворањето на преговорите ќе биде многу полесно со оваа Влада, отколку со ДУИ кои имаат луѓе кои се на „црната листа“. Треба да се реформите, да се ресетирате, да се симнете на земја и кога зборувате за другите прво да појдете од себе си. Јас продолжувам да мислам, дека Алијанса за Албанците заедно со ВЛЕН ќе се обидува заедно со оваа Влада и за почеток на преговорите со ЕУ, но и за формулацијата 20 отсто да се тргне од Уставот. Ова се прави во координација со главниот партнер во власта, вели Таравари.

На прашањето од пратеничката Пашоли дали како лидер на неговиот огранок на АА и како поранешен градоначалник на Гостивар ќе преземе некој чекор за промена на имињата на улиците, кои, според неа не ја отсликуваат реалноста и дали со коалицискиот партнер има договор за именување само на улиците со бројки во Гостивар, Таравари рече дека имињата на улиците треба да се менуваат со консензус, како што доликува на 21 век. 

-Во Гостивар, Тетово и Чаир ние треба да се научиме дека ние сите што живееме тука - тука Албанци, Македонци, Турци, Роми, треба да живееме со сите. За имињата на улиците треба со консензус да се одлучува. Една да се именува Ферид Мурат, другата Мајка Тереза, наредната Тоше Проески..Ние треба да се договараме меѓу себе, со насилство не може да се менуваат (имињата на) улиците. Треба да имаме договор со тие со кои живееме заедно. Треба да ја смените вашата перцепција на работите, така не оди. Сите се дистанцираа од вас, меѓународниот фактор и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Кажете ми релевантен фактор со кој што соработувате, дали ги гледате анкетите каде сте, имате проблем со себе си. Вие треба полека да го смените вашето размислување, и да сфатите дека сега сме 21 век и треба да размислувате на европски начин. Нашата цел како држава е да одиме во Европа, а не да се вратиме во средниот век, кажа Таравари на собраниската седница посветена на пратенички прашања. вг/ац/

Фото: Принтскрин

 

You May Also Like